ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уставниот суд нема да поведе постапка за „Бехтел-Енка“

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел – Енка“ кој беше избран преку законско решение, наместо јавна тендерска постапка, ќе гради патишта низ земјава. Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за уставноста на тоа законско решение изгласано од речиси сите пратеници со кое и овозможуваат на фирмата да ги гради коридорите 8 и 10 Д.

Advertisements

„Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола), наведоа од Уставен.

Иницијативата до Уставниот суд ја испрати Државната антикорупциска комисија, која оцени дека се ограничува конкуренцијата и можноста од фер натпревар за тоа кој да ги гради преостанатите автопати од коридорите 8 и 10, а законското решение има правни празнини кои создаваат простор за субјективност, политичко влијание и тргување со моќ. Исто, е нејасно колку пари би ја чинела државата изградбата на сите тие патишта.

Експертите од областа на јавните набавки веќе потенцираа дека изборот на „Бехтел – Енка“ да ги гради автопатиштата има сличности како изборот на кинеската „Синохидро“ за градење на автопатот Кочево – Охирд, случај за кој им се суди на функционери од претходната власт.

Инаку, денеска првиот вицепремиер, Артан Груби, изрази задоволност од тоа што Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на законското решение за изгрдба на автопатиштата. Тој најави дека првите две фази од градбата ќе заврши во 2024 година, а станува збор за делниците Тетово – Гостивар, како и Гостивар – Кичево. Додека третата фаза, односно автопатот Требениште – Ќафасан треба да биде изграден до 2025 година.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button