ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Марихуана вредна 600 илјади евра запленета во Скопје

Полицијата откри меѓународна пратка со дрога. Количината од 200 килограми марихуана вредна 600 илјади евра, според полицијата, дошла од Косово и дестинација бил домашниот пазар. Полициските сили уапсија шест државјани од Северна Македонија и Косово.

Advertisements

При проширување на контролата, полицијата запрела уште две возила со кои се движеле членовите на криминалната група. Во еден од нив бил косовски државјанин кој заедно со државјаните на Северна Македонија биле ангажирани да ја обезбедуваат трасата од каде било планирано да се транспортира дрогата. По наредба на судија, извршен е претрес во куќата на лицето Б.Р каде се пронајдени 29 пакувања марихуана, маски, дигитални ваги и 11 куршуми.

При претрес во куќата на лицето Е.А, пронајден е сигнален пиштол, огнено оружје со муниција и автомобил донесен од Косово без соодветна документација. Полицијата против осомничените поднесе кривична пријава за сторени кривични дела „преработка на наркотици“ и „преработка, тргување и недозволено држење оружје“.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button