Град Скопје расправаше за работата на јавните претпријатија

Подготви: Еви Шкопи
Советниците на Град Скопје расправаа за 9-месечната работа на Јавните претпријатија кои работат во Скопје. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека по разгледувањето на извештаите забележале бројни неправилности во работата на претпријатијата, во трошењето пари, но и во реализацијата на проектите. Според нив, директорите не ја завршиле работата што ја имале во програмите, а парите од буџетот ги потрошиле и за купување на телефони од најновата серија. Вакви критики беа упатени за директорот на претпријатието „Водовод и канализација“, „Комунална хигиена“, „Улица и патишта“, „Градски паркинг“.
. Стефан Андоновски- советник од редовите на ВМРО . . . . . . .
Советниците од редовите на СДСМ беа помалку гласни, ниту ја критикуваа, ниту ја бранеа работата на претпријатијата и директорите.
Љубица Јанчева- координатор на советниците на СДСМ . .
. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на директорите на компаниите им ја пренесе пораката да учествуваат и на други седници од ваков карактер, за да бидат потранспарентни кон граѓаните. Никој од советниците на албанските партии не се појави на говорницата.