ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Започнува пленарната собраниска расправа за дополнетиот Предлог – буџет за 2022 година

Собранието денеска напладне, во продолжение на 54-та седница, ќе ја почне расправата за дополнетиот Предлог – буџет за 2022 година, која трае пет дена.

Advertisements

На 4 декември, Владата го усвои дополнетиот Предлог буџет за 2022 година, со кој вкупните приходи се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 проценти повисоки од годинава. Вкупните расходи се планирани на ниво од 272,4 милијарди денари, што е за 1,4 отсто повеќе oд 2021 година.

Дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и е понизок за 2,2 процентни поени во однос на проценетиот дефицит во 2021 година.

Во Предлог-буџетот за 2022 година за капитални инвестиции се предвидени 37,8 милијарди денари, што е за околу 27 проценти повеќе во однос на 2021 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button