Маричиќ: Евентуален мониторинг од ЕУ нема да има влијание врз суштината на донесените пресуди

Според министерот за правда, Бојан Маричиќ, лидерите на СДСМ и Алтернатива, Зоран Заев и Африм Гаши договориле барање за мониторинг од страна на ЕУ за начинот на којшто се порцесуирани некои судски случаи. Како што рече Маричиќ во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, треба да се види дали ЕУ воопшто би се нафатила да мониторира случаи коишто веќе имаат судски епилог.
„Тоа е обврска на Владата, да го испрати до Европската комисија, а како и во која форма ќе се нафати ЕК да го прави тоа, допрва ќе го видиме. Затоа и не можеме јасно да дадеме одговор на прашањето што точно ќе се случува…како би се разгледувале постапките во случаите коишто се веќе завршени, со правосилна пресуда, треба да видиме во која форма и како би се нафатила ЕУ и дали би се нафатила. Како и да се нафати и дали ќе се нафати, тоа нема да има влијание врз содржината и суштината на донесените пресуди“, вели Маричиќ.