ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Секретарка на бизнисмен и комшивка на Груевски сведочеа во „Плацеви на Водно“

Во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“, каде меѓу обвинетите е и поранешниот премиер Никола Груевски. Се сослушуваа сведоци на Обвинителството. Тие зборуваа за становите на улицата „Бихаќка“ за кои во обвинението се тврди дека се на Груевски, но кои биле купувани под друго име. Со такви сведочења излегоа Татјана Стојановска, секретарка на бизнисмен, која рече дека на нејзино име има стан во споменатата зграда и уште еден до него, на име на нејзина фирма. Но, таа рече дека само претпоставува оти зад становите стои Груевски. Сведочеше и сосетката Бисерка Јовковска, која заедно со сопругот купила стан на истиот кат, кој потоа го продале преку лица за кои рече дека му биле посредници на Груевски.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button