МАКЕДОНИЈА
Гевгеличанец приведен поради сомнение за трговија со наркотици

Во Гевгелија во рамки на оперативна акција од полициски службеници од ОВР Гевгелија- Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно обезбедена судска наредба, е лишен од слобода И.Д.(30) од Гевгелија, затоа што во неговиот дом и помошни простории во Гевгелија и во патничко моторно возило “фолксваген туран“ со гевгелиски регистарски ознаки се пронајдени: прашкаста материја, тврда материја, 11 таблети, 98 капсули, банкноти со остатоци од прашкаста материја.
Акцијата е спроведена во текот на вчерашниот ден.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.