Конгрес на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски кандидат за нов лидер

Утре во Скопје, конгрес ќе оддржи и опозициската ВМРО ДПМНЕ. Единствен кандидат за претседател на партијата е актуелниот партиски лидер Христијан Мицкоски. Според партискиот потпретседател Александар Николовски, партијата одлучила да одржи Конгрес во Скопје затоа што сакала симолично да ја означела победата на локалните избори.
Николовски најавува и промена на доктрината – ВМРО ДПМНЕ ќе остане демохристијанска партија и центар -десна, но ќе оди и према лево, односно ќе се отвори за сите кои се против корупција и сакаат подобар животен стандарад.
Ова е редовен конгрес на партијата, на кој Мицксоки ќе биде реизбран да ја води партијата и во наредниот четиригодишен период. Според Николовски, Мицкоски успеал во период од 4 години да ја консолидира партијата и да ја направи посакуван партнер.