Екипите за чистење снег остануваат на терен

Поголемиот дел од патишта се расчистени и отворени за сообраќај по обилните снежни врнежи. Од јавното претпријатие „Македонија пат“ информираат дека сите екипи што се ангажирани за расчистување на патиштата остануваат на терен. Исто така, од оваа институција информираат дека поради обилните врнежи од снег, забрана за тешки возила има на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Маврово-Жировница, Тетово – Попова шапка и Кичево – Пресека – Охрид додека за други видови возила потребна е зимска опрема.
Но, во утринските часови поголемиот дел од државата патиштата беа блокирани и непроодни. Ова го потврдуваат видео снимките направени од возачи во утринските часови кои тргнале кон Тетово и Гостивар.
Утрово и во Кичево улиците и тротоарите беа полни со снег. Од снимките се гледа се движат само мал број автомобили поради патиштата покриени со снег. Со потешкотии во движењете се соочија и граѓаните
Исто така, според „Македонија пат“, на одредени патни правци кои минуваат низ планинските клисури можна е појава на одрони. Од оваа институција апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината според условите на патот.
Мелихате Рустеми