ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Охрид странци заинтересирани да градат хотели, но нема ДУП-ови

Интересот за странски инвестиции во Охрид во изградба на хотели и други туристички капацитети или за купување на недвижнини е голем. Но, има проблем за да се реализира тоа. Пред сè, станува збор за немањето на детални урбанистички планови за најатрактивните локации. Според агенциите за недвижнини, многу странски клиенти доаѓаат и се откажуваат од намерата да инвестираат кога ќе видат дека има урбанистички проблем.

Advertisements

„…Имавме локација во Воска, директно на езеро, Белгијанци и Французи со готови договори да го купат и да градат хотел со приземје и 4 ката. Падна ДУП-от поради некоја тужба. Ние изгубивме тука сериозен инвеститор и хотелиер…“, вели Никола Иванчиќ-сопственик на агенција за недвижнини.

Пред три години компанија од Холандија изградила два станбени објекти во Пештани, но тука застанале.

„И таму купија 99% станови Французи, Холанѓани, Белгијанци. И ако создадевме услови, можеби ќе останеа. Се повлекоа. Не можат да чекаат 10 години детален урбанистички план…“, додава Иванчиќ.

Во моментов, странците кои сакаат имот во Охрид се решаваат да купат приватни станови од наши граѓани.

„Има и други наши колеги, поранешни судии од Стразбур, адвокати, кои имаат купено станови или куќи во Охрид. И ние наместо да негуваме политика да привлекуваме такви луѓе и уште позначајни, ние правиме политика да нема каде овде да одиме на плажа, да немаме тоалет“, вели Игор Кичеец-адвокат.

Од агенциите за недвижнини бараат поголема соработка со општината и централната власт. Според нив, многумина странски државјани имаат и интерес пензионерските денови да ги живеат во Охрид поради природата и пристапните трошоци за живот во однос на нивните примања.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button