ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заев организираше избор на Ковачевски со однапред познат резултат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Заевизмот продолжува тоа вчера се докажа. Димитар Ковачевски е само пиун, продолжена рака на Зоран Заев кој што сега ќе го спроведува Заевизмот, оценуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

Во партиското соопштение меѓудругото се додава:

Зоран Заев прво го промовираше за свој наследник, а потоа му организираше избор со однапред познат резултат.

Ковачевски е иста матрица, и исто како и Зоран Заев и него има низа сомнежи. Зошто Ковачевски и СДСМ се обидуваат за истиот за Ковачевски да продаваат лажна биографија и да фризираат факти?

Димитар Ковачевски мора да одговори дали курсот на Харвард го претставува како факултетска диплома?

Ковачевски исто така треба да одговори како докторирал, како што наведува, во Црна Гора во 2008 година, Докторските студии се пропратени со низа истражувања и друг вид на присуство во земјата на каде што се докторира, а Ковачевски во наведениот период од 2005 до 2008 година е на раководна позиција во Македонски Телеком, оттука се поставува прашањето, дали тој одел на работа или посетувал докторски студии во Црна Гора?

Да потсетам во исто време на докторирање како што пишува Ковачевски, македонски амбасадор во Црна Гора е неговиот татко, поставен од СДСМ?, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button