ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Освен суспензија на двајцата вработени, од Царината не откриваат дали презеле чекори во врска со „Беса транс“

Царината нема конкретни одговори за мерките преземени по трагичната несреќа со автобусот на „Беса Транс“ во Бугарија каде животот го загубија 45 наши државјани. На прашање на АЛСАТ во врска со суспензијата на царинските службеници и други дополнителни мерки, оваа институција го даде истиот краток одговор дека се што ќе побара истражниот орган, ќе им биде предадено.

Advertisements

„Царинската управа соопштува дека Секторот за стручна одговорност ја заврши внатрешната контрола во врска со случајот со автобусот „Беса Транс“. Наодите од таа контрола, како и сите други дополнителни информации, по барање на ОЈО ќе бидат доставени во интерес на понатамошни истраги за целосно расчистување на овој случај“, наведоа од Царинската управа.

Еден од другите органи што требаше да се активира по несреќата во Бугарија, за финансиската состојба на компаниите кои организираат превоз на патници е и Финансиската полиција. Директорот на оваа институција, за АЛСАТ нагласи дека Обвинителството не го овластило да истражува евентуални финансиски манипулации на „Беса Транс“ или други фирми со ниски буџети.

„Финансиската полиција до сега нема добиено наредба од Обвинителството да побара од нас да го истражиме трагичниот случај што се случи пред извесно време. Веруваме дека по оваа истрага што ќе ја направи Обвинителството за овој трагичен случај, ќе се отворат нови патишта во иднина да се спроведат истраги и за други фирми во иднина, доколку се открие нешто од оваа истрага“, вели Арафат Шабани- директор на финансиска полиција.

По трагичната несреќа на 23 ноември, во која животот го загубија 45 лица, меѓу кои 12 деца, домашните власти се задоволија само со суспензија на двајца цариници, иако автобусот на „Беса Транс“ без дозвола ја поминал границата уште 113 пати. Исто така, МВР изврши повеќе проверки на автобуси за нивната техничка состојба, но засега нема конкретни мерки за да се избегнат вакви случаи на манипулации на туристички компании. На 13.02.2019 година кај Ласкарци автобус на „Дурмо турс“ се преврте, при што животот го загубија 16 лица додека нивните семејства веќе две години ја чекаат судската пресуда.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button