ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сарафов: Возачот на автобусот во кој изгореа 45 лица возел со несоодветна брзина

Истрагата за трагедијата на автопатот Струма во која загинаа 45 македонски државјани е во завршна фаза. Очекуваме три експертизи да бидат готови пред Божиќ, рече директорот на Националната истражна служба и заменик главен обвинител, Борислав Сарафов за БНТ.

Advertisements

„Автобусот е буквално нанижан на заштитната ограда. Постојат две категории на брзина – дозволена и усогласена. Имаме идеја за брзината, но ќе ги чекаме експертите за автомобили. Брзината е прилично неусогласена, 90 км на час биле надминати“, изјавил Сарафов.

Кажа и дека нема причинско-последична врска меѓу несреќата, патната сигнализација и ознаките. Појасни дека можеби придонеле, но возачот морал да биде повнимателен и да вози со соодветна брзина. Сепак, Сарафов посочи дека ознаките на патиштата „очигледно не ги исполнуваат условите“.

Како што пренесува 24 Часа, засега ставот на бугарските истражители е дека до несреќата дошло поради човечка грешка.

Во автобуската несреќа што се случи на 23 ноември загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button