ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Град Скопје изрече казна од 88 000 евра за фрлање отпад во Вардариште

За време на засилените контроли за фрлање отпад во Вардариште, Инспекторатот за животна средина на Град Скопје издаде прекршочен паричен налог и казна од 88 000 евра, соопштија градските власти.
Според извештајот на инспекторатот, објаснуваат од Градот, затекнатите лица нелегално исфрлале отпад и со тоа ја загадиле животната средина и ја загрозиле безбедноста по здравјето на граѓаните, што е спротивно на член 37 од Законот за управување со отпад.
„Мора да има системски решенија и секој мора да ги почитува законите кои ќе се спроведуваат неселективно“, порачуваат од Град Скопје.
Оттаму порачуваат дека нема да се толерира ниту еден граѓанин или фирма кои ја загадуваат околината и со тоа влијаат на загадувањето на воздухот, почвата и водите.