Димовски: Задоволен и продуктивен работник ќе има ако е достоинствено платен

Да не го навредуваме македонскиот работник, порача во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, првиот човек на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски. Говорејќи за минималната плата тој изрази негодување со ставот на претставникот од Организацијата на работодавачи кој рече дека колективните договори ги ограничуваат во намерата да ја зголемат платата на некои работници.
„Ние имаме колективни договори според гранките и нема да дозволиме да ги навредуваме македонските работници бидејќи некои од работодавачите не сакаат да го применат колективниот договор на ниво на гранка. Задоволен и продуктивен работник ќе има ако е достоинствено платен. Со 15 200, ако работат двајца, а знаеме дека минималната потрошувачка е 34 893 денари…“, вели Димовски.