ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Рефромите во судството само на хартија

Закони има, но не се имплементираат целосно – заклучува Советот на ЕУ во делот судство и владеење на правото.

Advertisements

„Независноста, професионалноста и непристрасноста на судскиот систем треба да се обезбеди, надградувајќи го веќе постигнатиот напредок“, пишува во заклучоците.

Според поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска напредокот за владеење на правото се однесува на донесените закони, но сега треба да се поработи на имплементацијата на законските решенија. А, тоа е улога на институциите од извршната власт па се до судовите, вели таа.

„Она што е проблематично е примена на целата оваа легислатива во пракса и одсега натаму државата треба тоа тоа да го стори, а оние коишто го мониторираат овој процес треба да се вклучат во утврдување дали законите коишто се донесени и подзаконските акти исто така во пракса се применуваат соодветно или дали тоа значи дека истите овие акти овозможуваат она што значи законска регулатива, односно владеење на право да се примени во праксата“, рече Маргарита Цаца Николовска, судијка.

пред само неколку дена во изјава за Алсат заменик – министерот за правда, Агим Нухиу изјави дека пропаднала реформата во правосудниот систем, бидејќи очекувањата од спроведувањето на т.н. ветинг, не се на потребното ниво. Тој побара да се применат построги форми на ветинг.

„Нашите очекувања не се остварени. Не само нашите, туку и на пошироката јавност. Довербата на граѓаните и на пошироката јавност во правосудниот систем е ниска и во таа насока сметаме дека треба да се применат построги форми на „ветинг“. Во судството и обвинителството се инсталирани пирамиди кои влијаат да нема квалитетни истраги во обвинителството или да се злоупотребува слободното убедување на судијата како дискреционо право во кривичната судска постапка“, рече Нухиу.

Нухиу смета дека е потребна нова реформска стратегија која ќе биде насочена кон објективно, а не произволно водење на истрагите и на судските пресуди .

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button