Сетек го прославува 28-от роденден

Компанијата Сетек која врши продажба на техничка стока денеска го прославува својот 28 роденден. Вложен е многу труд и енергија за да се стаса до едно вакво ниво кое потрошувачите го препознаат, велат од менаџментот на Сетек. Во продавниците на Сетек може да се набават производи од сите поголеми и квалитетни брендови кои се дел од бизнисот со техника. По повод роденденот одговорните лица на компанијата најавија дека цените на производите ќе бидат намалени до 50 отсто.
„Особено ми е задоволство да истакнам што од година во година Сетек станува се поконкуректен со цените и со изборот на техниката од светски реномираните брендови. Секој роденден на Сетек е прослава за компанијата и за купувачите, па затоа би ја искористил оваа прилика да ги повикам граѓаните да поминат во салоните ширум републиката и да се уверат во големите попусти на техниката што ги нудиме а тие се движаи и до минус 50 отсто како и можност за плаќање на голем број на рати“, рече Дејан Кимовски, Сетек.