
Администрацијата следната година нема да добие исплата на К-15. Во предлог-буџетот за 2022 нема предвидено пари за исплата на годишен регрес на административните службеници вели министерот за финансии Фатмир Бесими. Оваа година админситративците добија годишен регрес за 2021 година, согласно потишаниот колективен договор, а парите беа издвоени со реблансот на буџетот.
„Нема средства за К-15, односно нема дополнително предвидено во буџетот од тоа што сега сме го имале во буџетот. Значи нема да има К-15 за јавниот сектор“, рече министерот Бесими.
Синдикатите велат дека со ваквата одлука се крши Законот за работни односи. Колективниот договор кои го имаат потишано во 2020 година важи до февруари 2021, но доколку не се потпише нов сите одредби си остануваат исти. Од УПОЗ велат дека нема да отстапат од К-15, следната година 25 илјади администратици да добијат годишен регрес согласно потпишаниот договор.
„Колективниот договор и по истекот на времетраењето предвиден со Законот за работни односи, бидејќи истекува во февруари 2022 година, Владата нека превземе обврска со ребаланс на буџетот да обезбеди исплата на регрес за 2022 година. Ако Министерството за финансии и Владата не се свесни исплатата на регрес за годишен регрес за 25 илјади вработени изнесува 4 милиони евра исто колку што минатата година си дадоа од буџетот на државата политичките партии“, вели Трпе Деаноски- Претседател на УПОЗ.
Колективниот договор беше потпишан од поранешниот министер за администрација Дамјан Манчевски во 2019 година. Во него се предвидува исплата на К-15, на 25 илјади вработени во јавниот сектор во висина од 9 илјади денари. По потпишувањето на овој договор, и Сојузот на синдикати побара од Владата годишен регрес да се исплаќа на целата администраиција.
Андреа Чобанова