И покрај тоа што одлуката за влез во Косово со две дози вакцина ќе важи од 3 јануари

Mefail Isamili
По заострувањето на анти-ковид мерки од страна на властите во Косово за влез во оваа земја, значително е намален бројот на граѓани кои патуваат во соседната земја.
“Република Косово од 6 декември воведе нови мерки против КОВИД за сите странски државјани кои сакаат да влезат во Косово“.
„Бројот на патници од 6 декември до сега бележи намалување до 20% патнички сообраќај бидејќи е познато дека условите се поригорозни и не ги исполнуваат сите граѓани за влез во Република Косово“.
Во моментот за влез во Косово, граѓаните треба да поседуваат сертификат за вакцинација со две дози против КОВИД-19; Сертификат за вакцинација со една доза, не постар од четири недели, заедно со негативен PCR тест за COVID-19, не постар од 48 часа; или Потврда за вакцинација за вакцинација со една доза заедно со доказ дека лицето има прележан КОВИД-19.
Но, од вчера Косово донесе нови и уште построги мерки. Иако мерките ќе стапат на сила на 3 јануари, веќе владее забуна кај граѓаните бидејќи граничната полиција бара целосна вакцинација, што сега не е услов. Граѓаните што ги сретнавме велат дека се вакцинирани, па ја минуваат границата.
„Да, да, ги имам двете вакцини, да. Дали сте имале некакви проблеми досега? Не, немав проблем, вакциниран сум веќе 4 месеци“.
„Ги имаме сите вакцини… една е како секогаш“.
Од 3 јануари 2022 година сите лица кои влегуваат во Република Косово ќе треба да имаат сертификат за целосна вакцинација со две дози.