ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ за Македонија не ги изненадија експертите

Evi Shkopi

Advertisements

Заклучоците на Советот за општи работи на Европската Унија за Македонија не го изненадиле Институтот за европска политика. Симонида Кацарка вели дека тие ја отсликуваат фактичката состојба, односно бугарската позиција, која – вели – не е прифатлива ниту за нашата земја, ниту за земјите членки на ЕУ. Европскиот блок, во заклучоците усвоени во вторникот не прецизираше кога би можеле да се одржат првите меѓувладини конференции со С. Македонија и Албанија, но беше наведено дека чека на нивно одржување што е можно поскоро оваа година.

Во усвоените заклучоци, Советот ја истакна и потребата од спроведување на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, како и Договорот за добрососедство со Бугарија.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button