Жителите на Липковско бараат јавен превоз со Куманово

Младите од општина Липково бараат од надлежните да го пуштат во употреба јавниот превоз што ги поврзува со градот Куманово. Приватниот превоз, покрај тоа што е скап, одзема и значително време од нивната дневна рутина.
„Општина Липково, покрај тоа што е поврзана со Куманово во административната, здравствената и образовната сфера, многу е потребно да биде поврзана и со организиран јавен превоз. Овој превоз ќе помогне сите услуги да се извршат што е можно побрзо, полесно и прецизно. Ова исто така ќе помогне во одржување на квалитетот на воздухот и намалување на употребата на приватни возила.“
„Принудени сме да чекаме со часови. Покрај тоа што ни предизвикува физички замор, исто така ни го троши И времето. Кога имате одреден распоред и треба да пристигнете на време, треба да се организирате со други луѓе.“
Градоначалникот на Липково вели дека проектите првично се насочени кон подобрување на општинската инфраструктура. Тој бара поддршка од централната власт за да ги врати во функција меѓуградските линии.
„Ние вложуваме максимални напори да најдеме решение. Во моментов максимално сме фокусирани на инфраструктурата на Општина Липково, регионалните патишта и водоснабдувањето како витални проекти за жителите. Во исто време правиме детални анализи и земајќи ги предвид надлежностите што ги имаме. Министерството за транспорт и врски треба да најде решение прифатливо за граѓаните.“
Од Министерството одговараат дека постои проект на кој се работи и по неговото завршување ќе се консултираат со локалните власти за ставање во функција на јавниот превоз. Во моментов во Општина Липково има неколку приватни линии од и кон одредени села кои го поврзуваат регионот со градот Куманово.
Adrian Kerimi