ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ќе биде ли Алтернатива дел од Владата иако нема датум за преговори со ЕУ?

Адмирим Алити од Алтернатива, во Патот кон, рече дека тоа што Алтернатива одлучи да влезе во Владата е погрешно протолкувано, со што се подразбира дека не е датумот за преговори со ЕУ, клучната точка од која оваа партија стана дел од мнозинството, пишува Алсат.
„Мислам дека во последно време многу се зборуваше за датумот од Европската унија, многу се споменуваше 14 декември, меѓутоа ова е погрешна интерпретација на од она зошто Алтернатива одлучи да влезе во Владата. Мислам дека клучниот збор за нашиот влез во Владата е не продлабочување на политичката криза“, рече Алити./ Алсат.мк