КОВИД ги погаѓа и тинејџерите, но тие немаат интерес за вакцинирање

Vjollca Aliti
Мал интерес на тинејџерите за вакцинација. Од 17 јули, кога почна вакцинирањето на возраста од 12 до 18 години, помалку од 6.000 од нив примиле по две дози. Од поликлиниката Букурешт во Скопје, која е еден од центрите за вакцинација против Ковид, велат дека во текот на денот се вакцинираат само меѓу 5 и 10 млади. Очекувале интересот да биде поголем, но сепак возрасната група над 60 години покажува најголем интерес и за првата и третата доза.
Лекарите велат дека младите погодени од коронавирусот често имаат и сериозни компликации на дишните патишта, но и менингитис.
Ристевски апелира до родителите да не се двоумат и да ги вакцинираат своите деца бидејќи не покажала никакви негативни ефекти.
Младите кај нас се вакцинираат само со Фајзер. Од оваа вакцина догодина ќе се набавуваат 500.000 дози, од кои 10.000 за деца од 5 до 12 години. Во моментов во Македонија вакцинација против Ковид се препорачува за млади постари од 12 годишни, но се очекува Комитетот за имунизација во следниот период да препорача вакцинација на деца од 5 години, па нагоре.