ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозицијата го чека крајот на Европскиот самит за конечно да излезе со став за предвремени парламентарни избори

Mefail Ismaili

Advertisements

Политичките партии остануваат во своите позиции во однос на предвремените парламентарни избори. ВМРО ДПМНЕ се очекува да излезе со конечен став по завршувањето на самитот на ЕУ во петок. Оваа партија постојано бараше избори, во спротивно се заканува со протести на улиците.

Последниот став по Самитот на европскиот блок ќе го каже и Алијанса за Албанците.

„Официјален Брисел деновиве ги демаскира измамите и неуспесите на овој режим, набројувајќи ги таксативно и другите причини, покрај спорот со Бугарија. Но, ќе го чекаме крајот на Самитот и деновиве ќе излеземе со конкретни оценки и ставови“.

Од ДУИ неколку пати изјавија дека не ги гледаат изборите како опција во ситуација во која се наоѓа државата, но неофицијално на функционерите на оваа партија им одговараат изборите како можност за нивно зајакнување во парламентот и извршната власт. Но, од СДСМ се децидни дека на државата не и требаат избори туку посветеност и работа, за добивањето датум и соочувањето со економските проблеми.

И Алтернатива смета дека мнозинството е стабилно и евентуалните избори не би промениле ништо.

„Ако предвремените избори се решение за недоволната отвореност во пристапните преговори, ние ќе го прифативме таквото барање. Но, убедени сме дека тие само ќе произведат промена на власта, но без да овозможат каква било друга квалитативна промена.

Мухамед Халили, претседавач на Советот на амбасадори и експерт за политички прашања, за Алсат вели дека на земјава и е потребно решение на спорот со Бугарија и дека изборите, според него, ќе создадат институционален вакуум. Тој вели дека избори може да има само доколку не се формира нова влада по заминувањето на Заев.

„Но ако не стигнат тогаш ќе оди вака со стагнација и одење. Но, колку долго ќе можат да стигнат до ова е знак прашалник што времето ќе го покаже … Сметам дека во време кога се организираат предвремени, па и регуларни избори, тогаш имаме голема празнина, имаме стагнација на работата на институциите. и покрај тоа, институциите сега чекаат што ќе се прави со новото парламентарно мнозинство и работата е закочена. Поаѓајќи од ова, сметам дека не е соодветен моментум за предвремени избори.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button