ЕКОНОМИЈА

На почетокот на годината заеднички пазар на труд на Србија, С Македонија и Албанија

Вучиќ, Рама и Заев во Тирана на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“, меѓу шесте договори што ќе ги потпишат, ќе биде и оној заедничкиот пазар на трудот. Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, за РТС изјави дека очекува да добиеме заеднички пазар на трудот, граници за преминување кои работат 24 часа, усогласени сертификати, особено фитосанитарни и да нема проблеми што ја чинеа економијата многу пари, пренесе МИА.

Advertisements

Чадеж изјави дека на Самитот ќе биде договорен и стратегискиот план за 2022 година и „Отворен Балкан“ не е збир на потписи и договори, туку идеја за мир и просперитет во дел на Европа кој отсекогаш се сметал за проблематичен, особено сега во ситуација на економска криза, енергетска криза, криза во транспортот и работна сила.

Тој оцени дека ова е историски самит и голем ден за регионот. Долго време се работеше, тој раскол е надминат и се создаде нова доверба.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button