МАКЕДОНИЈА

Шахпаска: Со Законот за недела неработен ден ги унапредуваме правата на работниците

Министерката за труд и социјална политика во денешното интервју за „Утрински брифинг“ оцени дека со новото законско решение, кое предвидува недела да биде ден за неделен одмор, се унапредуваат работничките права, што е предуслов за мотивиран работник.

-Се радувам што Собранието, после една година транспарентна  дебата со сите засегнати учесници во нашето општество, синдикатите, претставниците на работодавачите, стопанските комори и други партнери на социјалниот дијалог, го донесе Законот за работните односи, кој предвидува недела да биде ден за неделен одмор. Овој Закон предвидува 92 проценти од работниците во недела да не работат, рече Шахпаска.

Advertisements

Таа појсни дека ќе работат само оние дејности кои се неопходни за нормално функционирање на државата, како што се вработените во електро-дистрибутивниот сектор,  здравствениот сектор, комуналните дејности.

-Работниците кои ќе работат во недела ќе добиваат додаток на плата од 50 до 100 проценти повеќе за секој изминат час. Работниците се нашиот најголем човечки капитал, унапредувањето на нивните права е приоритет за Владата и Министерството за труд и социјална политика, нагласи министерката Шахпаска.

Таа додаде дека при подготовката на законското решение се користени позитивни искуства и од земјите во соседството и од други европски држави.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button