ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетовци со денови се соочуваат со рестрикција на вода

Првиот човек на општина Тетово, Билал Касами ја обвини претходната општинска власт за честите дефекти на главниот цевковод со кој се снабдува Тетово со вода. Тој рече дека проектот е реализиран на катастрофален начин и без никакви стандарди.

Advertisements

„Како што ме информираше директорот на Претпријатието, тоа е проблем со кој се соочуваме и во сите други инфраструктурни проблеми. Проекти реализирани без минимален стандард. Таа водоводна мрежа е скандалозен проект. Пред еден месец добив информација од Општинското претпријатие дека има осум критични точки на приклучоци на цевките кои во секој момент можат да пукнат. Едниот го поправивме пред еден месец, но другите не можевме поради климатските услови. Една од тие осум критични точки сега пукна, но вработените на претпријатието се на терен и се надевам дека за два-три дена ќе се среди“, рече Билал Касами, градоначалник на Тетово.

Екипите на Јавното претпријатие веќе трет ден работат на санирање на дефектот, но поради големиот снег и мраз на планинските предели сен отежна реализацијата на работата.

Тетово веќе три дена има рестрикции на вода, и тоа од еден часот по полноќ до пет часот наутро, поради намалувањето на количината на вода од 300 на 160 литри во секунда.

„Многу е слаб притисок. Јас живеам во близина на болницата, и кај нас почна да снемува. Досега ние имавме вода. Сега преку ден нема, има по еден или два часа“…

„Нема, не е како што треба, нема. За пиење купуваме во маркетите“…

„Живеам во близина на касарната, но во моментов има слаб притисок. Има периоди кога снемува, но во моментот има слаб притисок“, реагираат жителите.

Инаку, во местото викано Лешница на Шарпланинските села, од каде со вода се снабдува целиот град, често се случува да има вакви проблеми поради што градот со денови останува без вода.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button