ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Апсења во Албанија поради палењето на српските знамиња

Две лица се уапсени за палењето на српските знамиња на протестот предводен од Сали Бериша вчера во Тирана, а по 6 други полицијата трага. Настанот се случи за време на протестот против средбата на „Отворен Балкан“ и доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ во Албанија.

Advertisements

Двајцата уапсени се идентификувани како Астрит Цара (41) жител во Тирана и Бесник Балани (56 години) жител во Круја. Шесте малолетници се на возраст од 15 и 16 години, жители на Тирана и Драч. Тие се товарат за кривичното дело „поттикнување омраза и понижување на симболите на Републиката“. Снимката во понеделникот вечерта ја објави албанскиот премиер Еди Рама со натпис: „Јас предавник, а овој патриот? Господ да ја чува Албанија од лудаци.“

Во интервју за РТС, Вучиќ го коментираше настанот, поздравувајќи ја акцијата на албанските власти.

„Знам дека повеќето луѓе ги интересира што ќе кажам нешто за палењето знамиња, но треба рационално да гледаме кон иднината и да разбереме дека тие се лутат кога ги палиме нивните знамиња и тоа се случи пред Еди Рама да пристигне во Србија. Нема да навлегуваме во нивните внатрепартиски причини, но секако е неприфатливо да се сквернават симболите и мислам дека Албанија реагираше брзо, сериозно и одговорно и тоа е наша задача“.

Осумте лица идентификувани запалија четири српски знамиња.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button