ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пендаровски во своето новогодишно обраќање пред пратениците недостигот на еднаквост пред законот, го посочи како најголема причина поради која младите ја напуштаат државата

Fatlume Dervishi

Advertisements

Претседателот Стево Пендаровски во своето новогодишно обраќање пред пратениците недостигот на еднаквост пред законот, го посочи како најголема причина поради која младите ја напуштаат државата. Претседателот рече дека еднаквоста на сите пред законот е најважниот аспект во градењето на функционална правна држава. Со оглед на трагичните настани со автобусот во Софија и болницата во Тетово, тој ја нагласи одговорноста.

Претседателот сугерираше да не се брза со изнаоѓање решение за спорот со Бугарија и тоа да не се прави по секоја цена. Тој рече дека акцентот на односите меѓу двете земји треба да се стави од минатото, во иднината. Наместо тоа, претседателот рече дека треба да бидеме преокупирани со главните реформи во државата од кои зависи квалитетот на животот на граѓаните.

Пролонгираната состојба на статус кво со блокадата на европските интеграции, не може да предизвика безбедносна стабилизација рече шефот на државата.

Пендаровски изјави дека  треба да се  инвеститира во областа на одбраната, поточно во армијата и медиумската едукација во земјава. Тој смета дека дезинформациите и хибридните напади се сериозна закана за иднината.

Претседателот на крајот од својот говор ја коментираше оставката на Зоран Заев. Тој рече дека честите несогласувања меѓу нив се демократски чин што треба да се поздрави.

Ова е втора година на Пендаровски на функција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button