ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По повлекувањето на групното помилување од страна на Министерството за правда, повеќето од 48-те затвореници на списокот ќе се обидат да добијат помилување поединечно

Адријан Керими

Advertisements

И покрај одлуката на Министерството за правда дека нема да има групни помилувања на крајот на годината, Алсат дознава дека најголем дел од 48-те затвореници на списокот за помилување, ќе бараат индивидуално да бидат помилувани од претседателот Стево Пендаровски. Своето барање го темелат на Законот за помилување со кој се овозможува секој затвореник преку Управата за извршување санкции и Судот да побара од претседателот да биде помилуван. Ексклузивната одлука врз основа на Уставот му припаѓа на претседателот.

Законот за помилување му дозволува на претседателот да помилува и без да ја следи законската процедура.

„Претседателот, со исклучоци, може да помилува и без примена на постапка за помилување предвидена со закон, се додека тоа помилување е во интерес на државата или кога посебните околности што се однесуваат на лицето, или кривичните дела докажуваат дека е неопходно помилувањето“.

Законските одредби ги прецизираат и околностите во кои може да се прекине постапката за помилување, што дава индиции дека одлуката на Министерството за правда за да не продолжи со помилувањето може да биде спротивна на законот.

„Судот, односно Министерството за правда може да ја прекине постапката за помилување, доколку осуденото лице го повлече барањето за помилување, ако казната е завршена, ако казнената мерка е завршена, доколку постои судска одлука за вонреден правен лек, или осуденото лице починало во периодот на помилување “.

Поранешниот уставен судија, Дане Илиев, во телефонски разговор за Алсат изјави дека чекорот на Министерството за правда за укинување на групното помилување е прекршување на законот Според него, Министерството за правда е должно да сподели позитивно или негативно мислење за барањето на затвореникот, но нема законско, а уште помалку Уставно право да одлучи да нема групно помилување. Барањето за групно помилување беше повлечено по притисокот од јавноста, бидејќи на списокот за помилување беа Сеад Кочан, Бобан Илиќ и Александар Василевски (Нинџа).

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button