МАКЕДОНИЈА

Филипче: Последен сет мерки пред полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција ги објави мерките кои утре со кратка постапка ќе бидат испратени на собрание за одобрување.

Advertisements

Филипче апелираше на почитување на мерките, нагласувајќи дека станува збор за последен сет мерки после кој би можело да следува воведување полициски час.

Како што кажа тој, пакетот мерки што ќе се достави до владата ќе опфаќа задолжително носење заштитни маски на отворено, ограничување на работното време на сите економски оператори до 23 часот, како и исполнетост на гратскиот превоз до 50 проценти од неговиот капацитет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button