ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Професор претепал ученик во Струга, МВР го приведе

Ученик од втора година во гимназијата Ибраим Темо во Струга попладнево заврши во болница откако професор го удрил со железен боксирач. Како што за Алсат раскажуваат други професори од училиштето, настанот се случил после 13 часот пред да почнат часовите од втората смена. Веднаш била повикана полиција, по што осомничениот професор бил приведен.
Детето, кое потекнува од Велешта, со тешки повреди е пренесено на хируршкото одделение во општата болница Струга. Оттаму за Алсат информираат дека тоа било примено со повреди и крварење на левата страна на главата и во моментов е во свесна состојба. Екипа на Алсат е во Струга од каде наскоро ќе имаме повеќе информации.