МАКЕДОНИЈА

Бочварски кажа што ќе се случува со објектите коишто не исполнуваат услови да се легализираат

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, рече дека сите нелегално изградени објекти коишто нема да бидат опфатени со новиот закон ќе бидат отстранети од теренот.

Advertisements

„Веднаш по завршувањето на овој закон, односно после опфатот којшто ќе се случи со овој закон и барањата коишто ќе бидат поднесени, постапките коишто ќе бидат водени, сѐ она што е останато треба да биде срушено. Така стои во законот и тоа треба да се почитува и ќе мора да го почитуваат и општините и државата преку Државниот градежен инспекторат“, вели Бочварски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button