ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Познато кога акциите на „АД Славија“ ќе се најдат на берзата

Агенцијата за одземен имот нема да се откаже од продажбата на акциите од АД „Славија“. На денешниот брифинг со новинарите директорот на агенцијата Фатон Асани вели дека продажбата е привремено запрена поради барање за времена мерка доставена до Судот од страна на поранешниот сопственик на акциите Кирил Кочевски. Според Асани кога времената мерка ќе биде тргната, акциите повторно ќе се понудат на берзата.

Advertisements

„Во сопственост на Агенцијата се 4.285 акции, што значи дека почетната вредност е околу 280.000 евра, но се очекува таа да расте во процесот на наддавање, и да се разбереме, ние не го продаваме имотот на „Славија“, туку тие акции. Наша работа е да го расчистуваме имотот кој е конфискуван. Сакаме да ги продадеме акциите на „Славија“ и од причина што за неа некој може да поведе стечајна постапка. Во 2020 година завршната сметка покажува минус од 700.000 денари. Ако се покрене стечај тогаш ние како институција и јас како директор ќе бидеме виновни дека навреме не сме реагирале “, вели Фатон Асани- Директор на Агенција за одземен имот.

Асани обвинувањата на ВМРО- ДПМНЕ ги отфра како неосновани,бидејќи цената на акцијата од 51 евро е утврдена според законите. Од ВМРО- ДПМНЕ и денеска обвинија дека целта на оваа власт е имотот на Славија да заврши во рацете а луѓе блиски до власта.

„Проблемот е во тоа што не е направена правилна проценка на имотот на АД Славија која што таа проценка треба да изнесува неколкукратно поголема од онаа што беше дадена за продавање. Сето ова од страна на власта е направено за да по нерелана ниска сума обезвреднет имот заврши во рацете на олигарси блиски на СДСМ“, рече Наум Стоилковски- Портпарол на ВМРО- ДПМНЕ.

Според информациите АД „Славија“ има долг кон 72 доверители со вкупна вредност од над два милиони евра без пресметана камата, и долг од 186 илјади евра за 136 вработени.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button