ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје и Струмица два дена со рекордна загаденост

Министерството за екологија го вклучи аларамот за загаден воздух во Скопје и Струмца. Два дена по ред на четири локации во главниот град и во Струмица загаденоста е повисока од 150 микрограми ПМ10 честички во воздухот.

Advertisements

Поради ова, од министерството за животна средина ги предлагаат следниве мерки: бремените жени, постарите од 60 години и хронично болните да се ослободат од работа, а работодавачите во Скопје и во Струмица да го реорганизираат работното време и работниците на отворено да работат меѓу 11 и 17 часот. Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, додека итната медицинска помош треба да има услови за домашна посета и патролна служба.

Владата треба да ги задолжи институциите под државна сопственост и локалните власти, во случајот во Скопје и во Струмица да ја намалат употребата на службените возила до 50%, како и да се обезбеди ограничување на работите на градежните објекти.

Инспекторатот за екологија треба да има зачестена контрола на фабриките со „А“ дозвола и да спроведува контролни мерања на емисиите на загадување во воздухорт.

„Еден од најголемите проблеми е нефункционирањето на инспекторатите, посебно инспекторатите за екологија и немањето доволен број на инспектори и оние коишто не се доста ефикасни. Луѓето тука, како што се плашат да речеме од УЈП, би требало да има и поригорозни мерки и од инспекторатот за животна средина“, вели Нгадњим Мехмети, Еко Герила.

Од Град Скопје велат дека чист воздух е еден од најголемите приоритети на новата градска администрација. Се чистат депонии, се казнуваат загадувачите, тврдат од Градот.

„Во моментов се работи на целисходно системско решение од повеќе комплементарни мерки за обезбедување на повисок квалитет на живот и почист воздух, нешто што во изминатите години не беше случај и тоа резултира со континуирано загаден воздух во Скопје“, наведоа од Град Скопје.

Денеска од СДСМ обвинија дека новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска за три пати ги намалила парите за животна средина.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button