ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Џафери кажа како ќе одговори на барањето за седница за пратенички прашања

Барањето на седница за пратенички прашања од страна на опозицијата е беспредметно и ќе биде вратено со такво образложение, рече собранискиот спикер, Талат Џафери. Во своето образложение тој рече:
„Владата е во оставка и мандатот на владините претставници е престанат, а владата ја претставува и според Деловникот има обврска на пратенички прашања да биде премиерот, а кој премиер ќе биде кога нема мандат“, рече Џафери.