Во текот на изминатата година, Собранието имаше многу малку работни денови

Fatlume Dervishi
Во текот на целата 2021 година, Собранието ги донесе законите за само 23 дена. Станува збор за вкупно 209 закони, од кои 111 во редовна, 79 во скратена постапка. Од конституирањето на овој состав во август 2020 година, законодавецот имал 59 пленарни седници, од кои 39 се завршени, а 20 сè уште не. 56 законски предлози или точки чекаат да ги поминат процедурите низ комисиите.
209 закони донесени во 2021 година (111 – редовни, 79 – скратени)
59 пленарни седници од конституирањето (20 се уште не се завршени)
Сè уште нерешени 56 точки во комисиите
Претседателот на Собранието Талат Џафери во својот новогодишен говор истакна дека не може да каже дека е направен максимумот, туку дека тоа е направено согласно обврските на законодавецот.
„Не мислам дека е направено многу малку. Мислам дека е работено согласно динамиката на работата на Собранието и согласно процедурите. За делот од точките што се оставени во комисиите, од претседателите на комисиите треба да се прашаат причините зошто тие точки остануваат кај нив. Кога ќе ја споредите годината пред 2017 година со една година од овој мандат во однос на обемот на работа, ќе видите дека ништо помалку не е направено без разлика што можеби имало помалку работни денови“.
Работата на Собранието беше особено отежнато од пандемијата, со ограничено присуство на новинари и нецелосно покривање на работата на комисиите. Сепак, политичките несогласувања беа главната причина за одложеното увосјување на законите.
Првичната блокада беше поради илјадниците амандмани на албанската опозиција како услов за донесување на Законот за државјанство. Тогаш Собранието се соочи со предизвикот на тесно парламентарно мнозинство кога пратениците имаа одлуки за изолација и не можеше да се обезбеди кворум. Во текот на целиот предизборен период за локални избори, Собранието немаше никаква активност.