ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Северна Македонија мисирката ретко се готви за празниците

Bashkim Sulejmani

Advertisements

Со наближувањето на Новата година сите поскауваат празничната трпеза да биде полна. Во Албанија мисирката речиси никогаш не и недостасува на трпезата. Цените варираат, во зависност од тежината. Мисирка до 9 килограми, во Албанија може да се купи за околу 100 евра. Слично е и во Косово. А во Северна Македонија мисирката речиси и да не е традиција. Ретко може да се најде на празничните трпези. Во полошкиот регион има многу малку продавачи и чувари на мисирки. Интересот за купување е многу мал, додека цените се многу поевтини отколку во Албанија.

„Одгледувачите на мисирки овде во Полог се во многу мал број. Овој продавач  во селото Требош, вели дека побарувачката за време на празниците кај нас е многу мала, додека најголема побарувачка има за Албанија. Меѓутоа, таму нема трговци на големо“.

Дел од анкетираните граѓани велат дека мисирката и недостига на нашите трпези и покрај тоа што ја сметаат за крал на празничната трпеза.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button