МАКЕДОНИЈА

Бислимовски кажа што мисли за барањето на БЕГ за 300 пати поскапо парно

Драстично поскапување на парното греење нема да ги реши работите, вели првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат. Како што вели тој, во таков случај голем број корисници би се исклучиле од системот.

Advertisements

“Драстично зголемување на цената на парното не е решение. Во тој случај, со право, голем дел од скопјани би се исклучиле од парно и би се приклучиле на системот за електрична енергија. Тогаш би имале сериозни проблеми бидејќи дистрибутивната мрежа во деловите на Скопје, каде што има парно, не е подготвена да прими енормно зголемена потрошувачка, а ќе се влоши и состојбата во однос на набавката на електрична енергија“, рече Бислимовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button