
Странските инвеститори во земјава бараат нов сет економски мерки за намалување на негативните ефекти предизвикани од кризата. Бројот на вработени ТИРЗ зоните се намалил за 1,7 проценти во оваа година и овој тренд ќе продолжи поради драстичниот пад на производството, велат од Асоцијацијата на странски компании. Инвеститорите се сочуваат со набавка на материјали, нарушен транспорт, неквалификувана работна сила и зголемени трошоци за производство.
„Според компаниите 93 проценти од нив се изјасниле дека се потребни нов сет на финансиски мерки за ублажување на последиците од пандемијата без разлика дали е тоа поради прекин на ланецот на добавување, недостигот на микро-чипови или прекин на производство на клиентите. Овие мерки би придонеле задржување на бројот на вработени, субвенционирање на зголемените цени на електричната енергија и укинување на царинските давачки“, рече Виктор Мизо-Претседател на Асоцијацијата на странски компании.
Половина од странските компании се изјасниле дека државната помош била клучна да се одлучат да инвестираат во земјава, но тие што не ја користат, тешко стигаат до информации од институциите како да ја искористат. Најпогодена е автомобилската индустрија која не се очекува да закрепне и во следните години. Загубите во 2022 години на светско ниво се очекува да бидат и до 300 милијарди долари.
Андреа Чобанова