Синани: Криминалци на ослобода, а невини се држат во затвор

Претседавачот на Меѓународниот форум за човекови права и слободи, Идриз Синани денеска изјави дека актуелната власт ослободува криминалци, а во затворите држи невини луѓе.
„Не го признаваме овој Кривичен суд, ќе направиме напори да ги ослободиме нашите деца, бидејќи се невини. Знаете дека ослободуваат криминалци додека држат невини луѓе во затвор. Неколку пати баравме меѓународна истрага, но ова барање наиде на глуви уши“, рече Идриз Синани, претседател на Меѓународниот форум за слободи и човекови права, додавајќи дека поранешниот премиер ветил решение за овој случај, но си заминал без исполнување на ветувањето.
„Поранешниот премиер Заев вети дека ќе го реши овој случај, но не можеше да го реши и си замина, си замина без да го реши случајот“, рече Синани.
Но, потоа интервенираше Бејдри Ајдари, кој подвлече дека поранешниот премиер не дека можел, туку не сакал да го реши случајот.