ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Следи тешка економска година

Ни следи тешка економска година и тоа што најмногу загрижува е зголемувањето на електричната енергија и парното, 2022 година за нашите граѓаните ќе биде најтешка. Владата не сака да направи реален подолгорочен и реален план, туку прави само пи-ар план. Владата нема намера да намали со непродуктивни трошење, да стави крај на сива економија и се што тргаше на страна ќе се одрази сега, изјави  Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина со наслов „Високи цени, ниски плати – Што може да се очекува од 2022 година“.

Advertisements

Димитриеска Кочоска посочи дека оваа влада во ниту еден момент не знае да се справи и управува со економијата и дека високите стапки на раст над 4% БДП не можеше да ги постигне ни во 2017-2019  кога немаше криза, не пак сега, а бидејќи неспремни влеговме во кризата и уште во 2021 влеговме со повисока стапка на инфлација од очекуваната, сега ценовните шокови уште полошо ќе се одразат во 2022 година.

– Ние уште во јануари зборевме за таа инфлација, тоа се провлекуваше до средина на летото кога цените почнаа да растат, а крајот го видовме како цената на струјата галопирачки порасна и тоа негативно влијаеше а компаниите.  Ценовните шокови кои се случија негативно влијаеа на компаниите. Во момент кога се ова се случуваше и кога се знаеше дека ќе е лошо и за компаниите и граѓаните, владата наместо да размислува за замрзнување на одредени цени и корекции уште во мај, им беше поважно да ги шминкаат работите. Генерално помина година каде растеа непродуктивни трошоци, се размислуваше на приказни, но не се размислуваше за граѓаните и компаниите и тоа сега ќе значи многу тешка економија, изјави Димитриеска Кочоска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button