ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Охрид најбројни домашните туристи

Бројни домашни и помал број на странски туристи пред сѐ од соседна Србија и Бугарија, дојдоа во Охрид за дочекот на Нова година. Но, хотелерите како во Охрид така и во Струга се жалат на слаба исполнетост на нивните капацитет. Поголемите хотели се исполнети помеѓу 10 и 20%, а подобра е ситуацијата во помалите објекти и оние кои располагаат со спа центри кои се со исполнетост од 50 до 70%.

Advertisements

„Оваа година нашите капацитети се некаде 50-60 % исполнети. Доминантни се домашните гости,додека сосем мал процент имаме гости од Србија и Бугарија. Тоа е незначителна бројка. Сѐ што доаѓа се индивудални гости, немаме организирани патувања. Периодот пред пандемијата Охрид беше преполн со автобуси со туристи кои доаѓаа организирано, но оваа година не е таква ситуацијата“, рече Зоран Јованчев-менаџер на хотел во Охрид.

Туристичките водичи,велат дека последниве неколку дена имале бројни откажувања.

„Оние кои имаат долгогодишни договори со туристички агенции од Црна Гора, Хрватска и Бугарија, каде веќе ситуацијата ескалира и кои веќе се затвораат, за жал ќе извисат оваа Нова година и ќе се соочат со доста загуби“, рече Климент Наумов-туристички водич.

Во Струга градот го наполнија печалбарите од странство, кои за престојните празници дојдоа во родниот крај.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button