СВЕТ
Мишел: Изборот е на Британија…

Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, вели дека на Обединетото Кралство е да направи избор врз основа на кој ќе се заснова понатамошниот пристап на Лондон до внатрешниот пазар на ЕУ.
“Велика Британија мора да донесе голема одлука, слободен и суверен избор. Ние ќе го почитуваме секој избор што ќе го направат, но тоа ќе одлучи за нивното ниво на пристап до нашиот внатрешен пазар”, рече Мишел.
Говорејќи пред Европскиот парламент, Чарлс Мишел истакна дека останува малку време за преговори за идните односи со Велика Британија и дека ЕУ е подготвена да преговара 24 часа, седум дена во неделата, за сите прашања засновани врз законскиот текст.