
Град Скопје ниту е надлежен, ниту има ресурси да одвои еден милион евра од буџетот за да покрие зголемените трошоци на граѓаните за парно греење. Владата вчера понуди 80% или 5 милиони евра да се одлеат од државата каса кон фирмите кои испорачуваат топлина, а сметките на граѓаните да останат исти. Претседателот на Советот на Скопје, Трајко Славевски, вели дека Градот не може да ги обезбеди останатите 20%, како што предложи Владата, односно милион евра.
„Нема официјален предлог и не може официјално да се одговори, зошто тоа беше кажано на прес конференција, така не се доставуваат официјални предлози. Ниту имало некогаш ниту сега постои законска можност, ниту има средства да се одвојат, ние даваме само поддршка на идејата која се оформува на прес-конференции да се даде поддршка да се помогне на приватната компанија Балкан Енерџи Груп во снабдувањето со топлинска енергија“, рече Славески.
Од Балкан Енерџи денеска не излегоа со став дали ќе го прифатат понудениот модел од Владата. Инаку, парното греење на скопјани е поскапено за 14 проценти по барање на компаниите кои поради високите цени на гасот тврдат дека се соочуваат со зголемени трошоци.
Андреа Чобанова