МАКЕДОНИЈА

Помор на риби кај производители на крап на Тиквешко езеро

Голем помор на риби кај производители на крап, се случува во моментот на Тиквешко eзеро, почнувајќи од вчерашните утрински часови, а сѐ уште трае, алармираат производители на крап. Велат дека во моментов на удар се две од најголемите компании производители на крап во кафезен систем, „Златен крап“ и „Дошница“.

Advertisements

– Целото производство од преку 120 тона ни е загрозено. Настојуваме на секаков начин да интервенираме, вклучително и со додавање на вештачки кислород во водата како би ја спречиле оваа катастрофа, но развојот на ситуацијата е се` уште неповолен, велат од „Златен крап“.

Според нив, забележително е катастрофално ниското ниво на акумулацијата во изминатиот период и нејзиното интензивно празнење, кое трае и во моментот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button