ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
ДПИ: Прекршочни пријави против 7 угостителски објекти

Во периодот од 12 до 18 октомври поднесени се 7 кривични пријави за угостителски објекти, од кои 2 за организирање свадба во Скопје и Тетово и уште 5 од Скопје кои не ги почитувале протоколите за заштита од ширење на корона вирусот, информираше на денешната прес конференција претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Грашкоска.
Како што кажа таа инспекциските служби и во следниот период ќе продолжат со контролите во насока на заштита на населението од ширењето на вирусот Ковид-19.
„Нашата цел, како инспекциски служби е да помогнеме во зачувувањето на јавното здравје и да придонесеме кон обезбедувањето на функционалноста на целиот систем“, рече Грашкоска.