МАКЕДОНИЈА

Сè уште нема договор за усвојување на нови мерки во Собранието за заштита од корона вирусот

Македонската опозиција бара формирање на посебна и независна Комисија за справување со пандемијата, наместо постојната Комисија за заразни болести што функционира во рамките на Владата. Според пратеникот Антонио Милошоски, Комисијата за заразни болести предводена од Жарко Караџовски донесе задоцнети и несоодветни мерки за справување со пандемијата.

Advertisements

Ова барање ја иритира владата, која ја опишува ВМРО-ДПМНЕ како деструктивна. Министерот Филипче вели дека оваа партија го загрозува здравјето на граѓаните.

„Ова е смислен и тенденциозен обид за дневно-политички поени кој директно го загрозува здравјето на населението. Од почеток на ковид кризата во земјата, од опозицијата не видовме ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и критики кон сите кои даваат максимални напори во справување со вирусот во земјата. Барањето за формирање на нова специјална Комисија за коронакризата која ќе ја избира Собранието е само начин да се прикаже наводна грижа и конструктивност, а всушност тој предлог е целосно неиздржан. Во Комисијата за заразни болести членуваат врвни професионалци, експерти во својата област“, вели Филипче.

Бидејќи барањето на опозицијата беше одбиено од министерот Филипче уште на вчерашниот состанок, ВМРО-ДПМНЕ го покани мнозинството да закаже седница на Собранието на која тие се подготвени да формираат кворум и да овозможат усвојување на измените и дополнувањата на Законот за заштита на население од заразни болести. Тие ќе гласаат воздржано затоа што оценуваат дека во измените и дополнувањата на законот нема конкретни мерки за борба против пандемијата, нема мерка за зголемување на капацитетот на институциите кои вршат тестирање, нема мерка за олеснување на тестирањето на ранливите групи ниту  за пообемно тестирање во најпогодените општини.

Вчера, иницијативата за измени во Законот за заштита на населението беше ставена на дневен ред и подоцна беше повлечена. Измените предвидуваат носење маски на отворено, ограничување на групирање по 22 часот и ограничување на семејни собири.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button