ЕКОНОМИЈА

Администрацијата ќе работи од дома и во смени

Поголемиот дел од државната администрација ќе работи од дома, а мал дел ќе одат на работа и тоа во смени. Еден дел од администрацијата ќе оди на работа една недела, а другиот дел наредната.  Најмногу административци ќе бидат потребни со физичко присуство во институциите каде се издаваат документи и останати услуги на граѓаните. Административците  ќе  доставуваат на своите претпоставени што сработеле во текот на денот или за време на работната недела, вели за Алсат министерот за администрација Јетон Шаќири.

Advertisements

„Институцијата која ќе треба да издава документи ќе има вработени кои работните задачи ќе ги извршуваат во сменско работење. Значи во работното време од 8 до 16 часот ќе има вработен во институцијата кој ќе ги извршува работните задачи“, рече Јетон Шаќири министер за информатичко општество и администрација.

Граѓаните се скептични дека со онлајн работењето на државната администрација навремено ќе ги завршуваат обврските. Велат дека со тешкотии ги остварувале своите права и кога администрацијата одела на работа.

„Мене некако ми е неизводливо, треба да се таму, таму е документацијата. Како ќе биде не знам, не може тој од таму да дојде да ти донесе документ. А и сите немаме ние такви направи, компјутери…“

„Само да не е тешко за луѓето, повеќето луѓе што се дома се пензионери и се неписмени за овие нови технологии. Ќе биде потешко старите да завршат некоја работа а за младите нема проблем…“

„Ако треба некој документ ќе мора да се има контакт. Не може да биде онлајн“, рекоа граѓаните.

Зголемениот број на новозаболени било  причина  синдикатот кој ги застапува вработените во државната администрација УПОЗ да побараат ваква одлука да се донесе уште пред две недели. Нивните информаци се дека во многу мал број институции се поделени основни средства за заштита.

„Да се создадат услови во канцелариите, да се одржува растојание од 1.5 до 2 m и на сите шалтери да се постават паравани за заштита на вработените и на граѓаните. Според нашите информации во овој момент неколку институции се соочуваат со огромен пораст на заразени вработени или вработени кои се наоѓаат во само – изолација и ги повикуваме раководните органи во најбрз можен рок да ја применат донесената препорака од страна на Владата за да се заштити здравјето на вработените и граѓаните“, наведуваат од УПОЗ.

И во првиот бран од пандемијата најголемиот дел од административците работеа со месеци работеа од дома.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button