

Alsat
10.08.2020 17:34
Обединетите нации оценуваат дека на Либан му се потребни скоро 117 милиони американски долари за итна помош по експлозијата на 4 август на градското пристаниште во кое загинаа повеќе од 160 луѓе, а повредени останаа илјадници оставајќи околу 300.000 бездомници. Десетици земји соопштија дека и дале помош на Либан. Светските лидери рекоа дека помошта ќе биде обезбедена „директно на либанското население, со максимална ефикасност и транспарентност“, поради загриженост од структурната корупција на владата. Пред да започне конференцијата на донатори имаше големи протести. Демонстрантите бараат соборување на владата, која ја обвинуваат за небрежност која довела до смртоносната експлозија. Втора вечер по ред демонстрантите се судрија со безбедносните сили во близина на зградата на парламентот во центарот на Бејрут.